Обвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека премиерот Зоран Заев пријавил за случајот со бизнисмените кои биле уценувани.
„Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РСМ, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави“, изјави Русковска за „Независен“.
Таа не откри дали станува збор за бизнисменот во случајот „Рекет“.
Премиерот Зоран Заев вчера обелодени дека бизнисмени од внатрешноста му се жалеле на уцени, а тој како граѓанин пријавил во Јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисмени се обратиле до Заев, биле уценувани
Фото: Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.