еМагазин
Македонија

СЈО бара седум од „бомбите“ во „Титаник“ да бидат слушани без присуство на јавноста

По паузата дадена поради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, во Кривичниот суд продолжи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На рочиштето треба да бидат слушнати над 1.000 „бомби“ кои СЈО ги има приложено како доказ во постапката.

Одбраната бара „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспорува како валиден доказ. СЈО, пак, бара аудио материјалите да бидат пуштени со исклучок на седум за кои побара јавноста да биде исклучена бидејќи има приватни разговори.

Поради ова, Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојан Христовски е нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Директорот на АНБ Бојан Христовски добил НАТО сертификат?

Редакција

Директорот на АНБ, Димовски в петок ќе објаснува пред собраниската Комисија за државјанството на Онишченко

Редакција