еМагазин
Image default
Бизнис

Сања Лукаревска повторно директор на УЈП

По констатирањето на оставката на пратеничката Сања Лукаревска од страна на Собранието, вечерва Владата донесе одлука со која Лукаревска ја именуваше за директор на Управата за јавни приходи (УЈП).

– Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи, соопштија од прес-службата на Владата.

Освен ова одлука на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Исто така Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

Меѓу другото Владата денеска го именуваше и Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите пратеници на местото на Дурловски, Лукаревска и Зекири

Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска не се повеќе пратеници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Гостивар за набавка на нафта за греење вреден 440.000 евра

Редакција

„Балкан Јутилитис“ имаше пониска цена за природен гас во споредба со „Макпетрол“ во моментот на носење на одлуката за избор, велат од ЕСМ Продажба

Редакција

Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

Редакција