еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Санкциите наместо на Русија им нанесуваат штети на земјите што ги воведуваат, вели Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека западните санкции кон Москва им нанесуваат штета на економиите на земјите кои ги воведуваат и предизвикуваат глобална криза.

– Овие санкции во голема мера предизвикуваат глобална криза. Нивните автори, водени од кусогледи надуени политички амбиции, русофобија, во поголема мера ги нарушуваат нивните национални интереси, сопствената економија, благосостојбата на своите граѓани, истакна Путин.

Тој додаде дека продолжувањето на политиката на „опседнатост со санкции“ кон Русија ќе доведе до најкомплицирани и речиси неповратни последици за граѓаните на Европска Унија и за најсиромашните земји во светот.

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пишувањето на еМагазин: Народниот правобранител отвори предмет за провизијата на Македонски телеком

Редакција

„И да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре,“ вели Таравари за пронајдениот куршум во неговиот двор

Редакција

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Редакција