еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето“: Од рак почина единствената ќерка на пејачката и водителка Јулија

На 41-годишна возраст по две години борба со ракот, денеска почина уметничката Андријана Мациевска, ќерка и единствено дете на пејачката и водителка Јулија Мациевска.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти нејзината мајка.

„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата, мојата прва љубов, мојата единствена рожба, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли… боли… боли“, напиша Јулија и информира дека погребот ќе биде утре.

Пред неколку дена таа на социјалните мрежи побара луѓето да се помолат за ќерка и Андријана во битката со ракот.

Фото: Јулија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот Димишков на судењето за „Рекет“: Камчеви сакаа да ме искористат

Редакција

Дирекцијата на Кроациа осигурување се пресeли до Diamond Mall

Редакција

Сакам да верувам дека е ненамерен пропуст, вели Ковачевски откако Петков го „исече“ од фотографијата со Блинкен

Редакција