еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

Пратениците на СДСМ поддржани со потписите на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесе барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Иницијативата е доставена до архивата на Собранието, а потоа од таму ќе биде испратена во Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.

Тој вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата посочувајќи дека сака најнапред да ја види, па да се изјасни за неа. Претходно, неговиот став беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата, па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.

Собранието се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април, но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Ќе се собере ли Собранието: СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“, ДУИ допрва ќе се изјаснува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема приватизирање на Брзата помош, вели Филипче

Редакција

Утре ќе се знае судбината и на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

Измени на Изборниот законик по локалните избори

Редакција