еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Не е точно дека постои апликација која прибира податоци од граѓаните

Не е точно дека постои апликација, како лажно што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак дека е прекршен изборниот процес или личните права на граѓаните, најмалку дека се прекршени законите, се вели во реакцијата на СДСМ, на обвинувањата од страна на тимот на Гордана Силјановска Давкова за тешки злоупотреби во изборниот процес.

„Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека постои апликација која прибира лични податоци на граѓаните, матични броеви или други лични информации. Исто така, лага е дека се прибираат мета дата податоци од паметни телефони.

Контрадикторноста и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ се гледаат во тоа што во еден пасус тврдат дека постои апликација која се користи од страна на членови на СДСМ и која прибира податоци од сите што ја симнале (значи членовите на СДСМ), а во друг пасус пак тврдат дека преку истата апликација се прибираат информации за интернет ативностите на сите граѓани.

Вистината е сосема поинаква. СДСМ користи современ, иновативен начин на водење кампања, модел којшто е преземен од сестринските партии од Шведска. Системот не прибира лични податоци на граѓаните, не содржи фотографии, ниту дата податоци од паметни телефони ниту интеренет активности“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска обвинува за тешки злоупотреби во изборниот процес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7.616: Од Ковид-19 починаа 7 лица

Редакција

По Конгресот нема да има промени во извршната власт, најави Заев

Редакција

Корона-пандемијата се уште не можеме да ја прогласиме за умрена, вели министерот Сали

Редакција