еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алтернатива за рускиот гас: Мицотакис и лидерите од Балканот, меѓу кои и Ковачевски утре во посета на терминалот за LNG во Александруполи

Терминалот за течен природен гас (LNG) во грчкиот град Александруполи утре ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со други лидери од Балканот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу нив ќе биде и претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Грчкиот премиер за време на владината седница во петокот ја соопшти посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал кој, како што рече, ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција туку и за регионот.

–Во вторник заедно со други лидери од Балканот ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански полуостров, рече Мицотакис.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бугарија го затвора здружението кое го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Комора на сметководители: Фискалните ленти се канцерогени, итно да се забранат како во ЕУ

Редакција

Ќе можеме ли да патуваме со авион без да се вакцинираме за Ковид-19?

Редакција