Министерство за внатрешни работи на Хрватска информираше дека се укинуваат сите ковид-ограничувања за влез во државата.
„Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена“, велат од МВР.
Влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1 мај се укинуваат ковид-ограничувањата за влез во Бугарија
Од денеска влез во Албанија без сертификат, земјата ги укина сите ковид-мерки
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.