еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од денеска влез во Албанија без сертификат, земјата ги укина сите ковид-мерки

Од денеска, Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција.

Исто така во земјата повторно се отворени ноќните клубови, а укината е и забраната за емитување музика по 23 часот во угостителските објекти.

Обврската за носење маска беше укината, но остана препораката за носење маска во затворени простории.

Инаку, со одлука на комитетот на втори март, по речиси две години, беше укинат полицискиот час, кој траеше од 23 до 6 часот, а недела потоа и мерката за ограничено присуство на собири.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вања ја нема шест дена, полицијата приведе пет лица за нејзиното исчезнување

Редакција

Затворот „Идризово“ вработува седум лица, плата до 15.718 денари

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Силен ветар носеше човек во Дубровник, жена во Сплит едвај се спаси да не падне од мост

Редакција