Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чуствуваат добро, информираат од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Почна да чука новото срце на 39-годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација
“Трансплантацијата беше извршена кај 44-годишен маж, кој беше на хемодијализа и кај 30-годишна жена, која беше на перитонеална дијализа.
Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа доктори од Клиника за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.
Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези.
Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска.
Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска.
“Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија„, информираат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Трета во историјата на Македонија: Во тек трансплантација на срце
Фото: МЗ