еМагазин
Image default
Македонија

Пуштен дома и последниот пациент со компликации од Ковид-19, кој се лекуваше на Интерното одделение во струшката болница

Отпуштен е и последниот пациент со компликации од Ковид-19, кој се лекуваше на Интерното одделение во струшката болница. За пациенти позитивни или суспектни со Ковид-19 на располагање е модуларната болница, каде во моментот се лекуваат осум пациенти.

Директорот на Општата болница во Струга, Арменд Арслани појасни дека Интерното одделение, кое од почетокот на пандемијата беше ковид центар, ќе им биде достапно на пациентите, кои имаат потреба од интернистички услуги, каде во просек дневно се вршат 55 амбулантски прегледи.

„Бројот на хоспитализирани лица со компликации од Ковид-19 е драстично намален. Минатата недела хоспитализирани се само две лица, а во моментот во модуларната болница се лекуваат осуммина, од кои еден е на кислородна поддршка,“ изјави Арслани.

Во модуларната болница, додаде, на располагање се 35 кревети за пациенти со компликации од коронавирусот со централен довод на кислород до секое легло.

Во изминатите 15 месеци, колку што трае пандемијата со Ковид-19, во струшката болница биле хоспитализирани над 2.000 лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев најави смени, кои министри може да останат без фотељји?

Редакција

Со сослушување на вештаци кои го изготвија супервештачењето продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

100% обработени податоци: 36,91% граѓани излегле на референдумот, 609.813 граѓани гласале „за„

Редакција