еМагазин
Image default
Македонија

Се очекува број да расте: Четири нови случаи со Ковид-19 во Дебар

Во последното деноноќие во Дебар и општина Центар Жупа се регистрирани четири нови случаи со Ковид-19. Нема оздравени, ниту починати лица.

-Во изминатите денови од овој месец регистрани се 14 новозаразени. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 58, додека за жал починаа две лица од општина Центар Жупа. И понатаму во Општата болница се јавуваат лица со симптоми на вирусот, на кои им се зема брис. Иако е неблагодарно да се прогнозира, очекуваме бројот на заразени да расте, велат од дебарската работната единица на Центарот за јавно здравје.

Причината за тоа, сметаат, е во масовното непочитување на мерките и протоколите за заштита и од страна на граѓаните и од деловните субјекти.

-Она што исто така загрижува е фактот дека дел од оние кои очекуваат резултат од тестот или веќе се потврдени на Ковид-19 но, со полесна форма, откако ќе помине полициската контрола може да се видат надвор како шетаат или пазаруваат во продавници, дополнуваат од Центарот.

Од почетокот на пандемијата во ова подрачје се направени над 1.350 тестови. Позитивен резултат е добиен кај 264, од нив оздравеле 219, починале 14, а активни на болеста се 31 лице.

Од вкупната бројка на заразени 51 се во првата фаза од кои само двајца заразени од општина Центар Жупа. Притоа, 47 оздравеле, а починале четири лица. Во втората, споредно со првата фаза, бројот на заразени е поголем. Болеста е распространета во речиси сите населени места во двете општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа три нови лица од Ковид-19 помеѓу кои и 44-годишна пациентка од Струмица

Нови 72 случаи на Ковид-19 од 793 тестирања, најмногу во Скопје 24

Убава вест: Оздравени 54 пациенти од Ковид-19, најмногу во Гостивар, Скопје и Куманово

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 77 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

И тие што се вакцинирале во Србија ќе можат во Македонија да добијат зелен пасош

Редакција

Починаа 26 лица од Ковид-19, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција