еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Се повеќе компании во ЕУ банкротираат, највисок процент во последните осум години

Бројот на компании во Европската унија што прогласија банкрот во вториот квартал е зголемен за 8,4 отсто во однос на претходниот квартал и сега е највисок во последните осум години, објави денеска Евростат.

Квартален раст на бројот на фирми кои отидоа во стечај е забележан во сите сектори на економијата.

Најголем пораст на бројот на стечајци во однос на првиот квартал е забележан кај услугите за сместување и храна – за 23,9 отсто, транспортот и складирањето за 15,2 отсто, како и во образованието, здравството и социјалните услуги – за 10,1 отсто.

Шест квартали по ред се зголемува бројот на банкроти во ЕУ.

Во вториот квартал во ЕУ се отворени за 0,6 отсто помалку компании отколку во претходниот квартал.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Моника Зајкова, новиот лидер на ЛДП

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.308 болни од Ковид-19

Редакција

“Македонија извезува виско образовна сила, а увезува отпад“: Твитер реакции

Редакција