еМагазин
Image default
Свет

Се уште не се знае кој победи на претседателските избори во САД: Се топи предноста на Трамп во Пенсилванија

Предноста на американскиот претседател Доналд Трамп пред кандидатот на демократите за претседател Џо Бајден во Пенсилванија се намалува, покажуваат најновите резултати.

Врз основа на преброени 90 проценти од гласовите, предноста на Трамп во таа сојузна држава, што е една од клучните за победа на еден од кандидатите, сега изнесува 164.414 гласови, додека тој водеше со 379.639 гласа синоќа.

Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови, е една од државите во кои Трамп најави дека ќе побара од судот да го прекине пребројувањето на гласовите.

Во Пенсилванија, демократите победуваа шест години по ред, пред Трамп да победи во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп прогласи победа, но побара да запре пребројувањето на гласовите: Изборите ќе се решаваат на суд?

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

Редакција

Руската државна компанија за природен гас „Газпром“ има пад на профитот од 40%

Редакција

Украина ги отфрлила преговорите, Путин дал наредба армијата да продолжи со нападите и да напредува по копнен пат

Редакција