еМагазин
Image default
Македонија

Се уште не е завршен стручниот надзор за смртта на пациентката од Штип, ДСЗИ повика на трпеливост

Во тек се 11 вонредни инспекциски надзори за смртни случаи за лица под 40-годишна возраст, од кои три се затворени и по нив нема да се иницира вонреден стручен надзор. За останатите, во моментот кога ќе бидат завршени ќе се одлучи дали има или нема елементи да се прави стручен надзор, соопшти Ирина Сотирова-Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Стручниот надзор за околностите за смртта на 41-годишна штипјанка го врши Лекарската комора, а известување, рече Бухова, ќе има кога ќе биде завршен. Апелираше на трпеливост поради оптовареност на лекарите кои покрај тековната работа, ги прават и надзорите.

– Имаме иницирано 25 вонредни стручни надзори, меѓутоа, да објаснам, докторите кои ќе треба, односно кои ќе ги вршат стручните надзори, се истите доктори кои се членови во Лекарската комора.

Во Комората членуваат сите доктори кои имаат лиценци и кои се вработени во приватни и во јавни здравствени установи. Тоа се доктори кои во моментов работат деноноќно на лекување на пациентите.

За да се избегнат одредени конфликти на интереси, се избираат доктори кои се од различни институции, а не од оние во кои, условно речено, е настанат проблемот. Затоа овој стручен надзор трае подолго време.

Имајте трпение затоа што лекарите се и онака оптоварени, а ниту еден инициран стручен надзор нема да остане неодговорен, рече Бухова.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апанажа побарале дури 44 пратеници од минатиот собраниски состав

Редакција

И во вода на дистанца, чадорите на растојание од 4 метри: Усвоен протоколот за заштита од Ковид-19 на плажа

Редакција

Државните ревизори утврдиле дека СДСМ користи имот за кој нема утврдено сопственост

Редакција