еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се уште не се знае причината за смртта на 11-годишниот Илче од Охрид

Министерството за труд и социјална работа се уште ги нема добиено резултатите од обдукцијата на телото на 11-годишниот Илче од Охрид, кој беше оставен од своите родители, а потоа сместен во мал групен дом во Демир Капија, кои треба да ја утврдат причината за неговата ненадејна смрт.

– Се потрудивме да му овозможиме услови да биде сместен пристојно и да добие соодветна заштита и грижа по престојот на Клиниката за детски болести каде тој беше сместен две недели, а од 7 август беше сместен во Демир Капија во мал групен дом. Тој во малиот групен дом постојано бил под надзор од матичен лекар и имал постојана здравствена заштита по излегувањето од болница. За време на престојот во домот неговата здравствена состојба била добра.

Денот кога Илче почина, негователката која се грижела кога видела дека наеднаш починал, повикала матичен лекар кој пак се јавил во полиција. Вклучен е и јавен обвинител и институциите постапуваат согласно закон.

Беше индицирана обдукција, тоа е завршено и кога ќе ги имаме резултатите ќе знаеме која е вистинската причина за смртта, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на мал групен дом во Скопје.

Таа посочи дека за едно дете најдобрата поддршка ја дава семејството, но кога тоа станува дисфункционално тогаш настапуваат институциите и им помагаат на таквите семејства. Социјалната реформа која беше спроведена, според Шахпаска, треба да го подобри системот за грижа за овие лица и тие побрзо да добиваат заштита.

-Новиот Закон за социјална заштита со кој почна да се спроведува социјалната реформа треба да овозможи  социјалните и стручните работниции, професионалците полесно да ги регрутираат семејствата од терен кои имаат социјални проблеми.

Се воспостави нов начин на работа за менаџирање со случај каде еден стручен работник водач на тимот се грижи за цело семејство. Тој ги собира информациите за сите проблеми кои се јавуваат во семејството и наоѓа начин да ги реши, рече Шахпаска.

Таа се согласи дека во одредени случаи се појавуваат и проблеми и побавно фунционирање на системот, но, како што рече, се работи посветено чекор по чекор и ситуацијата видно се менува на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 11-годишниот Илче од Охрид чија што приказна ја потресе јавноста: Живееше запуштено, беше згрижен на Клиника, а потоа беше префрлен во групен дом

(Фото) Илче кој беше примен на Детска клиника поради негрижа, заминува во мал групен дом

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Супертрејд“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на моторни масла вреден 298.000 евра

Редакција

Велјасабота, денот меѓу смртта и воскресението

Редакција

Убава вест: Оздравени 505 болни од Ковид-19

Редакција