еМагазин
Image default
Бизнис

Се уште нема договор со „ТЕ-ТО“ за да работи во текот на зимата

Во тек се преговорите со „ТЕ-ТО“ за и овој капацитет да работи во текот на зимата, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што информира Ковачевски, моментно се разговара за деталите.

-Во моментов преговараат министерот за економија и компаниите од електроенергетскиот сектор. Се разговара со ТЕ-ТО за деталите. Штом ќе има договор, тогаш ќе можеме да информираме, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Благој Ѓорев“ неколкукратно ја зголеми добивката

Редакција

Се затвораат и обложувалници, фитнес салите, се забранува одржување семинари, обуки, работилници…

Редакција

Ќе се менува методологијата за усогласување на пензиите, следната средба во март

Редакција