еМагазин
Image default
Македонија

Се уште нема никаква одлука за отворање на границите помеѓу државите во регионот

Заедничката регионална работна група за отворање на границите се уште нема донесено одлука, но интензивно работи на тоа и штом биде постигнат консензус ќе се одржи состанок на кој ќе биде донесена и одлуката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Точно е дека неколку пати ја одложуваме дискусијата за отворање на границите. Причината е што работната група се оформи малку подоцна од тоа што инициравме заради респонсибилност и на останатите земји.

Станува збор за работна група на стручни луѓе, лекари и епидемиолози од повеќе земји од Западен Балкан плус Бугарија и Грција – проект кој го поддржа и Американската амбасада во смисла на добра регионална поддршка.

Целта е да направиме заедничка политика за границите затоа што ниту една национална политика нема никаква логика ако се границите затворени, затоа што првиот момент кога ќе бидат отворени сето тоа губи смисла,“ изјави Филипче на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Не се знае која вакцина за корона вирусот ќе се користи кај нас

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

22 лица од новозаразените со Ковид-19 патувале надвор од земјата во последни 14 дена

Редакција

Богоевски повеќе не е пратеник

Редакција