еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Богоевски повеќе не е пратеник

На денешната 102. седница во Собранието, беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката за одземање на мандатот на Груевски.

За Богоевски, кој е претседател на оваа собраниска Комисија, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што беше обвинет од страна на опозицијата дека го крши етичкиот кодекс и оти е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Богоевски пред пратениците рече дека оставката ја поднесува од морални причини и оти со повлекувањето од функцијата пратеник сака да упати порака дека вредностите на Шарената револуција се уште се во сила. Ги повика органите на прогонот да го испитаат случајот за кој е обвинет, но притоа, како што рече, да не го заборават и случајот со нелегалното снимање и објавување.

– Вредностите се над функцијата сега и секогаш. Одговорност се поднесува лично, храбро и со крената глава пред тие што те избрале, а не кукавички и во бегство криејќи зад диктатори со слични уверувања, рече Богоевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По оставката, Павле Богоевски има право на апанажа од една година

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

Твитер го „подбра“ Заев за Богоевски: Тоа што Крсто Мукоски ги отворил вратите од Собрание е негова лична работа

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Малиќи груп гради луксузен комплекс на Истра во Хрватска

Редакција

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

Редакција

Тендер „тежок“ 3,5 милиони евра: ЕЛЕМ ќе користи помошна механизација за РЕК Битола од „Марковски компани“

Редакција