еМагазин
Image default
Uncategorized БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10%

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.

„Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел- сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

За брашно од пченица – тип 400 и тип 500,- макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало,“ кажа министерот Бектеши.

Министерот Бектеши исто така информираше дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).

Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи.

На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци.

Според Одлуката, како што кажа Бектеши, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од напаѓачите на Пендиков го удрил по глава и му рекол „не ти е срам да се пишиш Бугарин“, велат за ицидентот во Охрид од Обвинителството

Редакција

Бугарската делегација предводена од премиерот Петков, пристигна во Скопје

Редакција

„Скопски пазар“ ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 600.000 евра во четири блок-трансакции

Редакција