еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените се замрзнуваат и се намалуваат за 13%

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ќе донесе Одлука со која се утврдуваат највисоки цени на трговија на мало на хигенски производи.

Согласно одлуката се утврдуваат највисоки цени на тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни (дајперси) и хигиенски влошки кои се применувале на 20 март во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 13%.

„Оваа одлука се носи согласно анализите направени во Министерството за економија имајќи ги во предвид податоците од Царинската управа.

Во делот на тоалетна хартија цените на тоалетната хартија се движеле од 94,8 денари до 343,3 денари, од 1 март до 24 март 2023 година цената се движела од 94,8 денари до 205 денари, а со пресметано ДДВ од 11 денари до 241 денар, а 85% од тоалетната хартија е од увоз.

Кај влажните марамици цената се движи 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во месец март 2023. Редовната царина е 6%. За пелени за деца и возрасни (дајперси) се движи 36, денари по парче до 1.600 денари по кутија, а кај за хигиенски влошки се движи 27,9 денари по парче до 63,56 денари по парче. Редовната царина е 6%“ кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека одлуката за хигенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи се уште не е усвоен во Собранието.

„Имајќи во предвид дека за жал во собраниска процедура од декември минатата година има законско решение за овие производи за намалување на ДДВ од 18 на 5%, но се уште ова решение не е разгледано во Комисијата за фианнсирање и Буџет во Собранието,“ кажа министерот Бектеши.

Оваа одлука стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува од 1 април до 31 мај 2023 година.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонска пошта“ вработува 80 лица, плата до 23.381 денари

Редакција

„Пуцко петрол“ бара место во Одборот на директори на „Окта“

Редакција

Штип и Свети Николе со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција