еМагазин
Image default
Бизнис

Се зголемила работата на домашните градежници во странство

Во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорени градежни работи во странство изнесува 147.965 илјади денари, што е за 12,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Податоците на ДЗС покажуваат дека од јануари до март годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 44.338.000 денари, што е за 39,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Нашите градежници во првиот квартал годинава работеле на пазарите во Германија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Чешка.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа на должници на УЈП: 4.559 граѓани и фирми должат 164 милиони евра

Редакција

Општина Ѓорче Петров вработува 13 лица, плата до 37.631 денари

Редакција

Пуштен во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка

Редакција