еМагазин
Image default
Македонија

Сеад Кочан бара помилување од државата по поминати две години и два месеци во затвор

Телевизијата Алсат-М објави дека бизнисменот Сеад Кочан барал помилување од државата.

Телевизијата објави дека тој веќе проследил барање до Министерството за правда за да биде пуштен од затвор пред да ја одлежи во целост затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“ за ископ на јаловина во РЕК Битола.

Кочан, екс сопствеик на фирмата „Трансмет“ е во затвор од први август 2019 година. До сега зад решетки има поминато речиси две години и два месеци.

Кочан првично од Кривичниот суд доби шест години затвор за лажно формирање конзорциум за да добие тендер за ископ на јаловина, а Апелациониот суд му ја намали казната за 16 месеци.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 32 оздравени од Ковид-19

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 49 лица, приведени 37

Редакција

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Редакција