еМагазин
Image default
Македонија

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

Владата на својата 51 седница, кога беше донесена актуелната одлука за ограничување на движењето, со посебен заклучок определи дека ќе се пропуштаат сите патници со возила кои ја напуштиле територијата на земјата пред воведувањето на забраната.

„Дополнително, на седница на Главниот кризен штаб донесен е заклучок  дека сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.

Правата важат за сите. Секој граѓанин затекнат на граница после 22:00 часот има право да стигне до својот дом и никој не смее да не го обезбеди или да го попречува тоа право.

Оттаму нашите гранични служби мора да ги пропуштат сите патници, државјани на Северна Македонија, кои ќе се затекнат на некој од копнените гранични премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања,“ информираат од Влада.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 333 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 320 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Тројца починале дома: Од Ковид-19 починаа 15 лица

Редакција