Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласи победа во првиот круг во Дебар и Гостивар, а според нивните информации, нивните кандидати за градоначалници водат во втор круг во пет општини.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на прес-конференција изјави дека чекаат информации дали нивниот кандидат ќе оди во вториот круг и во Тетово.
Меѓу општините во кои кандидатите за градоначалници на Алијанса за Албанците и Алтернатива одат во вториот круг, според Села, се Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир.
Тој оцени дека изборниот ден поминал „со уцени, притисоци и поткуп“.
МИА/Фото: Села/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.