еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СЕММ со апел за професионално известување за несреќата: Медиумите да информираат точно и да не објавуваат имиња и фотографии на жртвите

По сообраќајната несреќа што рано изутрината се случи во Бугарија, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) апелира до медиумите да известуваат со целосна одговорност, врз основа на проверени информации и релевантни извори, без шпекулации околу причините за несреќата.

„Препознавајќи го притисокот со којшто се соочуваат уредниците, новинарите и медиумските работници кога известуваат за вакви трагични настани, укажуваме на потребата да прават разлика меѓу тврдењата и фактите и да покажат особено голема внимателност со оглед на тоа што во трагедијата има настрадани малолетни лица.

Во исто време, потсетуваме на членот 8 од Кодексот на новинарите, според кој начинот на информирање за несреќи треба да биде ослободен од сензационализми.

Притоа медиумите треба да внимаваат да не објавуваат имиња и фотографии на жртвите, ниту, пак, податоци од кои индиректно би можел да се открие идентитетот на жртвите, пред тоа официјално да го соопштат надлежните институции.

Имајќи ја предвид тежината и последицата на несреќата, апелираме до сите медиуми соодветно да ги усогласат своите програмски шеми и да известуваат со висок степен на професионална и морална одговорност“, велат од СЕММ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Фатиме Фетаи: Ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува

Редакција

Мисури ја тужи Кина поради пандемијата од корона вирусот, конгресмени бараат САД да покрене постапка во Хаг

Редакција