еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Помали плати за вработените во јавниот и приватниот сектор, кои ќе одат на боледување поради Ковид-19

За боледување поради Ковид-19 вработените и во јавниот и во приватниот сектор ќе добиваат 70 проценти од платата за отсуство до седум дена, 80 проценти за отсуство до 15 дена и 90 проценти кога се на боледување над 15 дена. Во првите 30 дена исплатата на боледувањето е на товар на работодавецот, а потоа на Фондот за здравствено осигурување. Ова, како што рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска е праведно решение и правично за вработените и во едниот и во другиот сектор.

Таа појасни дека претходно Владата донела одлука на вработените да им се исплаќа 100 проценти од платата за боледување поврзано со Ковид-19 без разлика дали станува збор за изолација заради контакт со позитивно лице, за лица кои се позитивни, но без симптоми и се дома, и лица кои имаат симптоми се лекуваат или дома или во болница.

Но, како што рече, тоа било променето по реакциите дека на ваков начин се дискриминирани вработените во приватниот сектор.

-Ние побаравме да се интервенира и сега испорачавме едно решение сите да бидат изедначени, како во колективните договори за јавен и приватен сектор и Законот за здравствено осигурување кои ги регулираат овие работи.

Не сме направиле ништо, ниту сакаме да оштетиме било кој во државата. Но изедначувањето на вработените од јавен и приватен сектор е правда за сите вработени, рече министерката Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата ќе ги плати режиските трошоци за 19 студентски и ученички домови

Редакција

Европејците трошат стотици евра за одмор, повеќето Македонци сонуваат летување

Редакција

ССМ најави „жешка есен“ на протести и штрајкови, бара да се намали разликата во плати меѓу функционерите и вработените во јавниот сектор

Редакција