еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

64% вода се губи на патот до крајните корисници, проблем се недоволните инвестиции

Претседателот на Регулаторна комисија (РКЕ), Марко Бислимовски на денешната прес-конференција укажа дека 64 проценти од водата се губи по пат од системите до крајните корисници и оцени дека комуналните претпријатија треба са ги зголемат инвестициите пред се за намалување на процентот на загуби.

-На државно ниво имаме сериозен проблем, тоа е 64 проценти и е сериозен проблем да бидам искрен, тоа значи вие да набавите 100 единици вода, по пат да изгубите 64, а до потрошувачите да дојдат 36, рече Бислимовски на прес-конференцијата за одлуката на РКЕ да предложи нови максимални и минимални тарифи з цената на водата.

Тој порача дека комуналните претпријатија треба да ги зголемат пред се инвестиците за намалување на процентот на загубите.

-Верувам дека сите овие барања коишто ги поднесуваат комуналните претпријатија ќе придонесат овие комунални претпријатија да ги зголемат пред се инвестициите за намалување на процентот на загуби со што сите ќе добијат подобар квалитет на услугата.

Македонија е релативно богата земја во однос на вода, има голем број на општини коишто имаат свои извори, значи природна вода, во најголем дел без прочистување како што се прави во други градови, но без политизирање на овие цени да го продолжиме процесот, да разбереме дека инвестициите во намалувањето на загубите е во бенефит на сите граѓани во државата, бидејќи според мене 64 проценти е нешто навистина многу и мислам дека имаме некој тренд на намалување од првите одлуки коишто ги имаме донесено во 2016 и 2017 година. Значи, тогаш биле и повисоки.

Да се надеваме сите кои работиме со оваа проблематика да влијаеме на намалување на загубите на електрична енергија, истакна Беслимовски.

Со тарифите што ги предлага РКЕ, сметките за вода во Скопје може да останат речиси исти, но и да се зголемат максимум за 29,5 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ предложи нови тарифи за водата во Скопје, сметките може да останат исти или да се зголемат за 29,5 денари месечно

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 62 гласа „за“ разрешени министрите на АА, Меџити и Алиу

Редакција

Од 1.162 починати лица со Ковид-19, 987 не биле вакцинирани

Редакција

Се уште се трага по телото: 16-годишно момче се удави во Преспанско езеро по превртена педалинка

Редакција