еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП пораснал за 0,6% во четвртиот квартал лани

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е 0.6  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,3 проценти;  Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 1,5 проценти, како и Дејности во врска со недвижен имот од 1,3 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 17 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто – домашниот производ изнесува 67,1 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 25,4 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 17,5 проценти.

Стапката на БДП во првиот квартал лани изнесуваше 2,4 проценти, во вториот 2,8 проценти, а во третиот два отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата, порача бугарскиот претседател Радев

Редакција

Нов Зеланд стигна и до укинување на социјалната дистанца

Редакција

Иницијативата на дизајнерите е полн погодок: Дневно се печатат по 1.000 заштитни маски на 3D принтери

Редакција