Во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат А2, Куманово- Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир, почина шеесет и петгодишниот С.С. од Скопје, кој управувал со патничкото моторно возило.
Според МВР, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. шеесет и пет години и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од триесет и две годишниот Ј.М. од Крива Паланка.
Во незгодата, возачот на автомобилот, С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом „Димитар Арсов“, Крива Паланка, каде околу петнаесет часот и педесет минути им подлегнал на повредите.
Сопатничката од истото возило, шеесет и пет годишната К.С. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите од здравствениот дом во Крива Паланка била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од општа надлежност- Крива Паланка.