еМагазин
Image default
Македонија

Шефот на грчката дипломатија Дендиас денеска во посета на Македонија

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

-За време на посетата на министерот за надворешни работи, се очекува разговорите да се фокусираат на целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, на дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и економијата, трговијата и енергетиката, како и на европската перспектива на Северна Македонија.

Дополнително, во разговорите се очекува да бидат опфатени и случувањата на Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина по руската инвазија, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата на Дендиас.

Согласно агендата, по средбата со Османи, во попладневните часови ќе следат и изјави за медиумите.

Ова е трета посета на Дендиас на Северна Македонија, првата беше во ноември 2019 година, втората во август минатата година, а шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја посети Атина во јануари 2021 година.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 68 пациенти, а вкупно се лекуваaт 689

Редакција

Шест лица починаа од корона вирусот, вкупно 265

Редакција

Русковска раскажува за родителите, кои ги спомнува и во апелот за помош од САД и ЕУ

Редакција