еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шекеринска: Бугарија направи геостратешка грешка

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, денеска изјави дека она што го чувме и од германското претседателство е на линија на тоа што и ние го чувствуваме, а тоа е дека Бугарија направи геостратешка грешка, што не е добра за регионот, не е добра за нас и нема да биде добра и за Софија.

-Ние ќе продолжиме да работиме на европските вредности. И денеска на оваа прес-конференција покажавме дека можеме да испорачаме европски резултати, дури и тогаш кога некој го блокира европскиот процес. Така ќе продолжиме и понатаму, бидејќи македонската иднина е европска и ние на тоа нема да градиме алтернатива, изјави на денешната прес-конференција Шекеринска.

Таа изрази очекување сите земји од ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ја потврдат нивната позиција дека треба да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

–  Она што ние го ветивме пред месец дена, покажавме дека го исполнуваме и оти во интерес на европскиот процес нема да заборавиме на европските вредности, а едно од тие вредности е почитувањето на правото на самоопределување, на различноста и посебноста на секој наарод и на секој јазик. Ние кажавме дека тие црвени линии нема да ги преминеме, истакна министерката за одбрана Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија со груби обвинувања за Македонија: Нема ЕУ со наследен тоталитарен историски наратив

Да не се заборави дека Бугарија не ни дозволи да почнеме преговори со ЕУ во време на пандемија со Ковид-19

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Македонија заболени од коронавирусот уште само 18 здравствени работници

Редакција

Пожарот кај Пехчево се шири кон Бугарија

Редакција

Видео обраќање на Заев до граѓаните за престојниот референдум: Ова не е избор меѓу две партии, туку избор за вашата иднина

Редакција