еМагазин
Image default
Македонија

Штериев бара дополнителни списи од ЈО за Јанева, Јовески смета дека некој од нејзините колешки може да ја замени

Од понеделник, откако ќе се достават дополнителни списи кои недостасуваат, Советот на јавни обвинители ќе решава по извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет“.

Претседателот на Советот Коле Штериев, вчера за МИА информираше дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Извештајот, подготвен од Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска содржи преглед на настаните и преземените дејствија во врска со досегашните мерки за „Рекет“, за кој осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Советот на јавни обвинители треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тојј се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Од друга страна, претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, вчера рече дека има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител но, како што нагласи, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинител.

Според неа, СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање. Упати апел до политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваат 497

Редакција

По сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора, македонските „Анонимуси“ ги хакнаа и министерствата за здравство и образование

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациент, а вкупно се лекуваат 459

Редакција