еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Штипјани да не ја користат водата за пиење и готвење, апелираат од ЈП „Исар“

Штипјани и денеска да не ја користат вода за пиење и готвење. Водата од системот за водоснабдување е само за техничка употреба.

Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков за МИА вели дека веќе втори ден експертите од Словенија работат на подесување на двата система за водоснабдување. Штип ќе може да се снабдува со вода за пиење од бунарскиот систем и од хидросистемот „Злетовица“.

Здравков закажа прес-конференција во 12 часот на која подетално ќе објасни за каква процедура станува збор, околу прилагодувањето на филтер станицата во која е инсталирана современа опрема за ултра филтрација од над пет милиони евра.

На веб страницата на ЈП „Исар“ ќе бидат објавени локациите во населбите каде ќе има цистерни со вода за пиење и готвење. Здравков апелира граѓаните да имаат разбирање, бидејќи со подесување на системот, градот Штип во наредните децении ќе нема проблеми со водоснабдувањето, ниту пак со намален притисок на водата во високите зони.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска снег во западните и северните делови на Македонија, најстудено ќе биде во четврток и петок

Редакција

Опожарени прагови од пругата Велес-Кочани

Редакција

Кој ќе увезува и извезува необработени дијаманти од Македонија?

Редакција