еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Штипски „Бетон“ и грчки „Интракат“ направија вонсудски договор и го откочија проектот за изградба на новата Клиничка болница во Штип.

На денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Градежната компанија „Бетон“-Штип, Ванчо Мијалчев истакнаа дека подизведувачот „Бетон“ по тригодишниот судски спор се откажа од каматите и прифати долгот да се исплати на рати.

Ова според  Мијалчев, е со цел регионов да го добие долгоочекуваниот објект, кој е од голема важност за сите.

-Ние, веќе три години водиме спор за да ги наплатиме нашите побарувања кои се врз основа на сработеното на Клиничка болница – Штип. Во изминатиот пат многу пати бевме спомнувани како причина зошто не се гради болницата, што беа на некој начин шпекулации.

Со медијаторство на градоначалникот на Штип, кој единствено ја разбра проблематиката на оваа болница, дека е во интерес на целиот регион, а не се работи за гола политика.

Ние како Бетон – Штип направивме свој потег, прифативме вонсудски да се спогодиме, да се откажеме од каматите, да прифатиме да се плати долгот на рати и да дадеме шанса изведувачот „Интракат“ да не отиде во стечај со надлежните институции да го завршат конечно, вели Милајчев.

Постигнатиот договор значи излегување на „Бетон“ од стечај и деблокирање на сметка, а со тоа се дава и втора шанса за новата Клиничка болница во Штип.

-Прво, ние ќе си ги наплатиме парите согласно со планот за да можеме да ги сервисираме доверителите на Бетон – Штип, бидејќи излезе од стечај. Тоа е првиот момент, а вториот е тоа што ја деблокиравме сметката и дадовме шанса проектот за се заврши, додава Мијалчев.

Медијатор за разрешување на проблемот беше штипскиот градоначалник, кој вели дека разговорите со „Бетон“ се воделе веќе извесно време. Благодарение на тие разговори компанијата направила отстапка, па со ова се отклонети сите пречки. Јорданов очекува ресорното Министерство да ги одвои финансиските средства и да се продолжи со изградбата.

-Во изминатиот период имавме интензивна комуникација за решавање на овој проблем со којшто се затечени не само граѓаните на Штип, туку и жителите на Источна Македонија. Од суштинско прашање беше да се отклони првата пречка за продолжување на изградбата. Како градоначалник, и покрај тоа што не е моја надлежност, комуницирав за ова да се реши, вели Јорданов.

Договорот е активен и нема никаква пречка работата да продолжи уште веднаш, вели директорот на „Бетон“. Остатокот останува на Министерството, односно тие треба да ги исплатат финансиските средства на изведувачот ако досега го немаат сторено тоа. Понатаму со изградбата би се продолжило согласно со утврдената динамика во планот усвоен од надзорниот инженер.

Инаку МИА, минатата недела, објави дека новата Клиничка болница е изградена 40 проценти, а од Министерството за здравство истакнаа дека изградбата на првата фаза од болницата е до декември 2022 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

(Видео) Приведен дилер: Во неговиот „Хамер“ пронајдени 100 пакувања кокаин

Редакција

(Фото) Заев во Атина се сретна со поранешниот британски премиер Тони Блер

Редакција