еМагазин
Image default
Локално

Штипските пожарникари во интервенција на Плачковица: Пронајдено мртво тело на жител на планинско село

Штипските пожарникари вчера интервенирале на планината Плачковица, каде од страна на полицијата било побарано интервенција за симнување на мртво тело од дрво.

Станува збор за жител од планинските села, по кој подолг период се трагало, а неговото тело е пронајдено во непристапен планински предел. Пожарникарите интервенцијата ја извршиле во период од 14 до 17.15 часот.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов информира дека минатата недела имале само една интервенција на гаснење на пожар на запалена сува трева кај поранешната фабрика „Македонка“, имаат и една техничка интервенција, односно спасување маче во населбата Три Чешми, останатите активности им биле дотур на вода за ЈП „Македонија пат“- Штип.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожари на неколку локации во Македонија

Редакција

Српски државјанин тешко повреден, со „Нисан“ излетал од патот Гостивар – Маврово

Редакција

Планинар од Битола паднал од карпа искачувајќи се на врвот Илинден

Редакција