еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Веќе неколку дена траат нападите на Израел од страна на милитантите на Хамас од територијата Појасот Газа.

Што е Појасот Газа

Појасот Газа е крајбрежен појас на источниот брег на Средоземното Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

(Видео) Израел буквално го срамнува со земја Појасот Газа по нападот од Хамас

На југозапад се граничи со Египет, а на север и исток со Израел.

Долг е 41 километар, а широк од 6 до 12 километри. Вкупната површина на појасот изнесува 360 километри квадратни.

Името на појасот доаѓа од најголемиот град, Газа. Има најмалку 1,4 милиони палестински жители.

На територијата живеат над 2 милиони Палестинци и таа е една од најгусто населените територии во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Појасот Газа под целосна блокада, без струја, храна, гориво…

Кој го контролира?

Појасот Газа е дел од Палестинската самоуправа, но Израел го контролира воздушниот простор на Појасот и пристапот од море до него.

По создавањето на Израел во 1948 година, Египет ја контролираше Газа речиси две децении. По победата на Израел во Шестдневната војна во 1967 година против своите арапски соседи, тој ја доби контролата врз Појасот Газа и Западниот Брег (West Bank).

Во следните 38 години го контролираше појасот и овозможи изградба на 21 еврејска населба.

Во 2005 година, под меѓународен и домашен притисок, Израел повлече околу 9.000 израелски доселеници и неговите воени сили од Газа, оставајќи ја енклавата да биде управувана од Палестинската управа, која исто така контролира делови од окупираниот Западен Брег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Од јуни 2007 година Хамас е на власт во Газа, на палестинските територии, откако го освои мнозинството на места во палестинскиот Парламент на палестинските парламентарните избори во јануари 2006 година.

Едно од најсиромашните места во светот

Поради ограничување на увозот и речиси целиот извоз, Израел во изминативе децениции ја доведе економијата на Газа до колапс, со стапка на невработеност од над 40%, а повеќе од 65% од населението живее под линијата на сиромаштија.

Според Светската програма за храна, 63% од луѓето во Газа се сметаат за „небезбедни во исхраната“.

Условите за живот по последните случувања во Газа се очекува дополнително да се влошат, а не се исклучува можноста и воено да биде окупирана од Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Шокатни снимки од киднапирани Израелци од страна на Хамас

(Вознемирувачки видеа) Хамас уби над 260 млади на транс фестивал во Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција

Петти роман на Јован Илиески „Соба 610“: Колку ќе го чини злосторникот ако биде жртва на сопствениот хаос?

Редакција

Од недела пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

Редакција