еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите повремено ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кусо време(над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И во Скопската котлина повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ дипломати: Одлуката за кандидатурата на Украина не менува ништо за Западниот Балкан

Редакција

Во првиот квартал 126,5 милиони евра странски инвестиции

Редакција

Чаир на „тронот“: Има повеќе активни случаи и од Штип, Тетово и Куманово

Редакција