еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија

Освен дека се одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација од Клиниката за онкологија и два стана во Скопје, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење, засега нема никаква друга информација од Јавното обвинителство и МВР за наводите за криминал на Клиниката за кој периодов пишуваа медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Клиниката за онкологија и од два стана во Скопје одземени и дадени на вештачење компјутери и документација

Неделникот Фокус објави серија натписи во кои меѓудругото тврди дека на Клиниката постои разработена криминална бизнис-мрежа со препродавање лекови.

Според Фокус во оваа шема се вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката, а во системот се внесувале и блиски роднини на екс менаџментот на Клиниката, кои не биле болни од рак, но лековите што се наменети за нив, се препродавале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Неделникот објави и дека на дел од пациентите им се давала половична терапија без да знаат, со што скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар, според неофицијални информации, на Косово, и дека никој не можел да контролира дали скапата биолошка терапија се меша со физиолошки раствор.

Според Фокус подолг период, на оваа скопска Клиника се користеле цитостатици со поминат рок, се правеле фиктивни истории на роднини и пријатели, кои подоцна се криеле или уништувале, а преку нив се раздолжувале лековите.

-Во случајот Онкологија не станува збор само за финансиски криминал, за кој сме пишувале и пред 20 години. Туку пострашното е дека од воведувањето на скапата биолошка терапија од 2019 година, каде што една ампула за било кој вид на карцином чини од 2.000 до 4.000 евра, дел од пациентите примале и обичен физиолошки раствор, за што веќе објавивме во последниот број на неделникот „Фокус“, за да можат овие скапи лекови да се продаваат на црниот пазар во Косово.

Најстрашното е со што биле лекувани најтешко болните пациенти и дали воопшто ја примиле неопходната терапија, која барем на некој начин ќе им помогне и е последна надеж за спас од подмолната болест…

Факт е дека позадината се парите, но пациенти умирале за некој да запечали, затоа што наместо скапиот лек да биде даден на нив бил продаван, а тие примале сосема други терапии, меѓу кои и обичен физиолошки раствор. Е, тоа е најморбидното и болното.

Станува збор за онколошко злосторничко здружение…, напиша на Фејсбук, авторката на текстовите, новинарката Ирена Мулачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес на онкологија, Обвинителството и МВР влегоа на Клиниката

Дневниот весник Слободен печат пак објави дека Клиниката за онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите.

Системот КАТО требало да стави крај на рачниот систем на дозирање, а идејата била да се спречи губење на дозите, да се обезбеди прецизно дозирање без грешка и безбедно чување на цитостатиците.

Со КАТО било невозможно да се украде цитостатик или да се намали нечија доза, ни поради кражба, ни поради грешка. Но, по само шест месеци откако е набавен овој систем, во 2017 година, тој бил исфрлен од употреба, пишува Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска протест пред Владата и Министерството за здравство за наводите за криминал на Онкологија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт и не се шират лесно како Ковид-19, велат од СЗО

Редакција

(Галерија) Кафана Лантерн, во срцето на Дебар Mаало во ново рувo

Редакција

Сите детали за новиот директен лет од Скопје до островот Крф

Редакција