еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.
Кој е Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи останува на функцијата вицепремир задолжен за економски прашања, коориднација на економските ресори и инвестиции.
Битиќи е роден на 26.10.1975 година.
Дипломирал бизнис aдминистрација, насока бизнис менаџмент на Универзитетот во Тирана, Албанија (1994 – 1999г.).
Професионална и политичка кариера
Тој е меѓународен експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи со преку 20 години работно искуство во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании. Има спроведено преку 500 обуки во земјите од Западен Балкан и досега бил професионално ангажиран како консултант и советник во повеќе влади, министерства и институции од регионот, стои во неговата биографија.
Од 2008 година активно е вклучен како експерт за пристап и раководење со ЕУ фондови. Негова тесна специјалност е стратешко планирање и менаџирање со развојни, економски и бизнис програми и важи за одличен познавач на бизнис приликите со долгогодишно искуство во реалниот сектор како претприемач, консултант и извршен менаџер. Автор е на повеќе стратегии, предлог-закони, прирачници и упатства од областа на финансиите, економијата и развојот на бизнисот, пишува во неговата биографија.
Во aприл 2018 година е ангажиран како посебен советник на претседателот на Владата за спроведување на истражувања и анализи за политики, стратегии и теми поврзани со економијата, како и подготовка на професионални мислења, коментари и препораки.
Член е на Економскиот совет на Владата и дел од Советот за економски реформи и одржлив развој, одговорен за подобрување на политиките во деловното окружување.
Од август 2019 ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за финансии во СДСМ.
Битиќи активно зборува англиски, германски и српски/хрватски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче
Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда
Фото: Влада