Пратеникот Петар Атанасов од редовите на СДСМ си поднесе оставка и на следната собраниска седница најверојатно ќе биде назначен за заменик мининистер за образование.
Проф. д-р Петар Атанасов oд 1990 до 1994 година работи како новинар во Македонската телевизија, најпрвин во Информативната програма, а потоа и во Редакцијата за надворешна политика. Од 1994 до 2001 година работи во Министерството за одбрана, најпрво како советник за односи со јавноста и портпарол на министерот, а потоа и како уредник во издавачката дејност на Министерството.
Кон крајот на 2001 година се вработува во Институтот за социолошки и политичко-правни ис- тражувања како асистент истражувач, со завршени постдипломски студии на Филозофскиот факултет по социологија на етнички групи.
Во 2011 е промовиран во редовен професор по со- циологија и комуникации. Предавал повеќе предмети: социологија, општествени промени, мул- тикултурализам, глобализација и комуникации и менаџмент на промени. Од 2011 година пре- дава методологија на научни истражувања и дизајнирање на научен проект на сите групи на постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
Пишува главно за социо-економскиот развој, образованието, културната и социјална исклученост, чове- ковиот развој, мултикултурализмот, идентитетот, етничките конфликти, безбедноста и пост-конфликтна рехабилитација.
Учествува во повеќе научноистражувачки проекти на полето на политичката култура, демократизацијата, инклузивноста на општеството, дискриминацијата и предрасудите, граѓанското општество, сегрегацијата и образованието, децентрализација и локална самоуправа, корупција и меѓуетнички односи.
Од 2004 до 2006 предавал мултикултурализам на постдипломските студии за човекови права на Универзитетот во Сараево во соработка со Универзитетот во Болоња. Од 2004 година е член на Балканската мрежа на научни истражувачи на глобалното владеење при Лондонската школа за економија и политички науки.
Од 2006 година е член на Научниот борд на Центарот за европски и ориентални студии на Универзитетот во Болоња. Од 2008 до 2010 е визитинг професор на Универзитетот Американ колеџ-Скопје. Од 2012 година е член на Бордот на научното списание Политичко однесување и за политички анализи од Букурешт на Југоисточна Европа.
Координатор е на постдипломските студии по Нови медиуми и социјални мрежи. Исто така, е главен креатор на докторскиот студиум Социологија на организацијата. Член е на Центарот за меѓуетнички односи и Центарот за култура, медиуми и комуникации при ИСППИ.
Фото:Фејсбук/Атанасов