еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пријавила министерката Славјанка Петровска, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува дека крие имот во Радишани

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија министерката за одбрана Славјанка Петровска дека крие луксузен имот. Според пратеникот и член на Извршниот комитет на партијата, Димитар Ковачки таа во својот анкетен лист не пријавила луксузна хациенда во Радишани.

Министерката на прес-конференција рече дека никогаш не се поседувала таков имот.

– Единствено што поседував е плац, што е уредно продаден пред повеќе од десетина години, изјави Петровска, посочувајќи дека станува збор за груба лага и манипулација и побара Ковачки да и се извини во рок од 24 часа, ако не ќе го тужи.

Каков имот пријавила

Според нејзиниот анкетен лист таа нема пријавено недвижен имот.

Има пријавено само два кредити од по 250 илјади денари и 600 илјади денари, кои ги зела во 2019 година. Првиот треба да го врати до 2025 година, а вториот годинава.

На кредитна картичка пак пријавила 159 илјади денари.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19?

Редакција

На менаџментот на Витаминка лани исплатени надоместоци од 15,6 милиони денари

Редакција

(Видео) Почина легендарната Нина Спирова: Ни остави незаборавни песни

Редакција