еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе стане ли Беса единствената партија на Албанците во опозиција, се поизвесно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Вчерашната средба на лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбер Таравари дополнително ги подгреа шпекулациите дека оваа опозициска партија се подготвува за влез во Владата.

Двајцата лидери посочија дека тоа не било тема на нивната средба.

Таравари изјави дека засега не е разговарано за влез во Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада

-По изборот на претседател на партијата ќе го разгледаме тоа, рече Таравари, кој посочи дека кога ќе имало официјални разговори за влез во Владата од партијата ќе биле транспарентни и ќе го кажеле тоа и додаде дека во моментот нема ниту официјална, ниту неофицијална понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средбата на Ковачевски со Таравари била продолжение на лидерската, вели премиерот

Ковачевски пак изјави дека средбата била продолжение на неодамнешната лидерска средба.

Шпекулациите за влез на АА, која е гласен критичар на власта на ДУИ, барем во соопштенијата и на прес-конференции, се присутни подолго време, за нив пред извесно јавно зборуваше и лидерот на владејачката Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, а медиумите веќе објавуваат колку и кои министерски и директорски места ќе ги земе партијата.

Дали АА ќе стане дел од Владата ќе стане јасно наскоро, а ако тоа се случи, Беса ќе стане единствената партија на Албанците во опозиција.

Дел од владејачкото мнозинство веќе се ДУИ на Али Ахмети, ДПА на Мендух Тачи и Алтернатива на Африм Гаши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барањето за екстрадација на Палевски од Турција е испратено

Редакција

(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот

Редакција

Болниците речиси полни, на респиратор се 5 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција