еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средбата на Ковачевски со Таравари била продолжение на лидерската, вели премиерот

Се што се зборува за денешната средба со в.д. претседателот на Алијанса Албанците, Арбен Таравари и за влегување на партијата во Владата, е во делот на шпекулациите, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Денешната средба со господинот Таравари е продолжување на лидерската средба, која ја имавме во текот на изминатиот период со претседателите на сите парламентарни политички партии.

Планирам во наредниот период да одржам поединечни средби со сите политички партии застапени во Парламентот, со цел да продолжиме да разговараме околу одлуките кои треба да се носат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус, изјави Ковачевски во одговор на прашање по потпишувањето договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.

На средбите, додаде премиерот, ќе се разговара и за законските решенија кои треба да се носат во Собранието кои се од економски карактер, во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза во државата.

– Особено ќе стане збор за делот од законите кои се блокирани во Собранието, што најмногу се однесуваат во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза, укажа Ковачевски.

Во медиумите се појавија информации дека цел на денешната средба на Ковачевски и Таравари е за влегување на Алијанса за Албанците во Владата и дека на партијата и се нудат три министерски места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 393 болни од Ковид-19

Редакција

Пратеници од претходниот собраниски состав сведочат за „27 април”

Редакција

Од утре нов снежен бран

Редакција