еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што се (не)знаеме за Ковид-19: И по прележан коронавирус, антителата по два месеци може да бидат 2

Иако навидум сме бомбардирани од информации за коронавирусот и сметаме дека доволно знаеме и сме информирани, сепак тој допрва ќе биде испитуван од страна на науката.

Она што за цело време е дилема од неговото појавување до денес, е дали тој што го прележал има доволно имунитет за да не се зарази пак. Има случаи на повторно заразување, и оттука, прележувањето не е доволно, за човек да се смета безбеден.

„еМагазин“ дојде до резултат на антитела на здравствен работник кој вирусот го прележал пред два месеци, а бројот на антитела е само 2.54, што воопшто не претставува никаква заштита на организмот.

„Се изненадив што според резултатот, воопшто немам никаква заштита иако вирусот го поминав пред само два месеци. Како да не сум била болна.

Колега, кој вирусот го прележа пред шест месеци има антитела 6. Мислев антителата ќе ми бидат над 100, имајќи предвид дека имав изразени симптоми. Многу чуден вирус,“ вели здравствениот работник.

Претседателката на комитетот за имунизација, Александра Грозданова говорејќи за вакцинацијата, неодамна изјави дека препораките се и оние што веќе еднаш прележале Ковид-19 да се вакцинираат.

Таа истакна дека и покрај тоа што ја прележале болеста, некои од нив не секогаш имаат доволно високо ниво на заштитни антитела, како што е случајот со здравствениот работник.

Иако препораката е, оние кои го прележале вирусот да дадат предност за вакцинација на оние кои не го поминале тој пат, најдобро е да се направи тест на присуство на антитела, за да се види каква е заштитата на организмот.

Во однос на овој вирус, правилото е дека нема правила, па некој што не знаел дека го поминал на нога, може да има многу поголем број на антитела од некој со сериозни симптоми.

Фото: Photo by Quinten Braem on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Вие можете да им помогнете на настраданите од поплавите во Словенија, еве како

Редакција

Бадник – предвестие за Божик

Редакција

Заев: Снимките на Милошоски веројатно се од разговори со групата исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција