еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО.

Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност.

Шведската министерка за надворешни работи изјави дека „чувството е многу добро и многу сериозно“.

– Се чини дека дојдовме до заклучок што е најдобро за Шведска. Не знаеме колку време ќе потрае, но сметаме дека може да потрае и до една година. Сега, оваа недела, апликацијата ќе биде поднесена, заедно со Финска, а потоа треба да ја процесира НАТО, додаде Линде.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поголемиот број од вработените во Комунална хигена кои штрајкуваа не доаѓале на работа, а “штрајкувале“ и невработени во претпријатието, откри Мазнева

Редакција

Македонското МНР се огради од ставовите на Ѓоргиев

Редакција

(Фото) Wine Berry нов вински бар и продавница со уникатен концепт: Може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд

Редакција