еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сигурно има уште 5.000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани, вели доктор Беќаровски за драстичниот раст на заболени со Ковид-19

Доктор Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил го коментираа драстичниот раст на бројот на заболени со Ковид-19 во Македонија.

“Почитувани членови на Комисијата за заразни болести,

Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, на 10.01.22 ќе нема кој да работи во државата!

Сите ќе бидеме во изолација.

Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.

Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.

Почитувани граѓани ако денес имавме 1.197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште 5.000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани.

Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстичен раст: 1.197 нови случаи на Ковид-19 од 7.483 тестирања

Проф. Трајковски: „Шокирани сме од бројката 1.197, но е очекувана и ќе расте – омикрон сојот веќе доминира“

Во Скопје и Кочани регистрирани девет нови случаи на сојот Омикрон

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вежбај. Читај книга. Гледај филм. Седи дома: Креативни совети за „битката„ со корона вирусот

Редакција

Русија се враќа во договорот за извоз на жито

Редакција

Откако синоќа повторно беше вклучен, денеска се проверува заштитата на генераторот на Блок 2 во РЕК Билола

Редакција