Телевизијата Телма објави дека малолетникот, за кој пред неколку дена полицијата објави дека бил силуван од други малолетници во Скопје, имал само осум години, а тие 10 и 13.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетници во Скопје силувале малолетник и тоа го снимале, а видеото го споделиле со неколку лица
Како што објави МВР тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња.
За среќа видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Бит пазар, објави телевизијата.
-Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за малолетници кои се под 14 години.
Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, вели за Телма, Тони Ангеловски, портпарол на МВР.