еМагазин
Image default
Македонија

Синоличка Трпкова: Јазикот не е вонбрачно дете за кое треба да се докажува татковство со дебати, изјави, симпозиуми, дискусии

Професорката и актерка Синоличка Трпкова честопати на нејзиниот Фејсбук-профил пишува за општествени појави и случувања кои ги засегаат граѓаните. Нејзиното мислење е високо почитувано, имајќи го предвид сиот животен и професионален „багаж“ кој го има зад себе.

Овој пат Трпкова се произнесе за прашањето за македонскиот јазик, кој посебно се актуелизираше во односите со Бугарија.

„Јазикот не е вонбрачно дете за кое треба да се докажува татковство со дебати, изјави, симпозиуми, дискусии. Јазикот не е догма, ниту бара прослави, чествувања, јубилеи и рецитали. Тој не е само тема за експерти. Јазикот мора да живее, да расне, да се менува и усовршува преку неговата секојдневна употреба.

Мора да се се знае разликата меѓу литературниот и говорниот јазик! Писменоста, артикулираноста, но и звучноста и мелодијата треба да се негува од сите нас, заедно – пред се’, од медиумите, како главни алатки за информација, забава, учење.

Медиумската јазична култура го ткае јазичниот идентитет. Јавниот говор и обраќањата на политичарите, академиците, уметниците, новинарите ја одржуваат жилавоста, спецификата и убавината на јазикот. Медиумите и образованието се неговите столбови.

Без државна стратегија за негување на јазикот како приоритет, и како најголемо културно наследство, може само да се тргува со придавки, додавки, запирки. Веројатно тоа е нашиот капацитет. Кралот на музиката одамна рекол – „Има некои луѓе кои ако не знаат, не можеш ни да им кажеш“,“ напиша таа на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Трпкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за полицискиот службеник кој ја застрела мигрантката од Сиера Леоне

Редакција

Грција бара да не ја употребуваме кратенката МКД на Европското првенство и ФФМ да си го смени името

Редакција

На ВМРО-НП не им смета спојувањето на историја со географија, проблем им е јогата

Редакција